Што прават 2 банани на ден за вашиот организам

8 декември, 20170
5

Една студија открила дека две банани можат да го снабдат организмот со доволно енергија за 90-минутно напорно вежбање. Освен тоа, бананите се користат како природен лек за многу заболувања.

Чир

Бананите се користат како природен лек за цревни проблеми, главно поради мазноста и мекиот состав. Има способност да ја обложи слузокожата на желудникот а со самото тоа ја намалува иритацијата и киселоста.

Анемија

Благодарение на високата содржина на железо, редовното консумирање на банани може да ви помогне да се изборите против анемија. Железото стимулира производство на црвени крвни зрнца и со тоа го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта.

ПМС 

Бананите се богат извор на витамин Б6 кој има способност да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го подобри расположението.

Крвен притисок

Бананата е богата со калиум што ја прави совршена за здрав крвен притисок. Потврдено е дека бананите имаат способност да го намалуваат крвниот притисок и да заштитуваат од мозочен удар.

Терморегулација

Поради својот природен ефект на ладење, во Тајланд и многу други култури ширум светот, бананите се користат за снижување на температурата на идните мајки.

Зголемени киселини во желудникот и ждригавица

Бананите содржат антацид кој помага при ждригавица. Доволна е само една банана за да ги смири симптомите.

Депресија 

Бананите се богати со триптофан кој се претвора во серотонин, невротрансмитер кој помага да се опуштите, да го зголемите расположението и да ја надминете депресијата. Според студијата, многумина од луѓето кои патат од депресија доживуваат значителен напредок после консумирање на бананите.

Опстипација

Бананите стимулираат редовно празнење на цревата и ослободуваат од опстипацијата, поради високото ниво на диетални влакна кои ги содржат.

Утринска мачнина 

Спречете ја утринската мачнина јадејќи ја бананата како ужина, бидејќи ова овошје го одржува нивото на шеќерот во нормални граници.

Мамурлак

Бананите можат да бидат од голема помош во случај на мамурлак, особено ако се помеша со мед и млеко. Пригответе милкшејк со мед, млеко и банана. Медот ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта, млекото ќе го рехидрира и освежи телото а бананите ќе ја ублажат болката во стомакот. Мамурлакот брзо ќе исчезне.

Убод од комарец 

Бананите и во овој случај се корисни. Врз убодот протријте со внатрешноста од кората на банана, па брзо ќе се намали отокот и иритацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi