10 знаци дека тој не ве изневерува

1 февруари, 20170
2

Освен ако не е најголемиот лажго на сите времиња.

Нормално е понекогаш да се замислите дали вашиот партнер може да ве изневерува. Дури и да нема причина за вакви грижи и вашата врска е одлична, овој вид на само-сомневање може понекогаш да се појави изненадно. А луѓето иневеруваат поради голем број на причини. Тој би можел да ги исполнува сите критериуми и сепак да ве изневерува. Но, генерално, доколку ги исполнува долунаведените услови, многу е веројатно дека немате за што да се грижите.

  1. Тој не е себичен. Во многу ситуации, изневерувањето е себично. Ако тој е типот на човек кој остава сé и ги откажува сите свои планови кога ви е најпотребен, тогаш тој веројатно не е типот на човек кој ќе ве повреди изневерувајќи ве. Да се биде „несебичен“ е сепак различно од само да се биде „фин“. Тој може да се однесува пријателски и да биде љубезен, а сепак да биде неверен. Од друга страна, можно е и да се однесува како саркастичен кретен и пак да биде целосно лојален.

 

  1. Можете да му верувате. Ако нема тенденција да ве лаже, да се искрадува или да го снемува со денови, тој веројатно не е типот на маж кој би можел да чува афера во тајност. Да, секако, тој би можел и да биде најголемиот лажго на сите времиња, но веројатноста за тоа е многу мала.

 

  1. Тој не чува тајни. Ако сте го фатиле како крие една или две поголеми тајни од вас (на пример, да ја изгубил работата и не ви кажувал со месеци), секако е верливо дека тој би бил способен и да крие друга девојка на страна.

 

  1. Тој е премногу зафатен. Помеѓу работата и постдипломските студии, како и музичкиот бенд во кој е член, тој одвај има доволно време да излегува со вас, а не да се гледа и со некоја друга. Плус, тој го поминува остатокот од неговото слободно време со вас, во секој случај. Освен ако никогаш не спие или има магично стапче кое може да го врати времето, нема замислив начин на кој тој би можел да ве изневерува.

 

  1. Знаете скоро сé што се случува во неговиот живот. Ако сте љубоморниот тип или се загрижувате кога ќе спомне колешка со која ручал, веројатно е дека всушност нема за што да се грижите. Доколку има друга жена на страна или планира да освојува друга, тој не би ја спомнувал. Што добро би му направило тоа? Што повеќе ве држи во тек со тоа што му се случува во неговиот личен живот, тоа подобро. Истовремено, не се препотувајте ако не ги знаете имињата на сите негови колеги.

 

  1. Тој никогаш претходно не изневерувал. Ако знаете дека тој има примерно минато, тоа е една од најдобрите препораки за него. „Еднаш неверен, секогаш неверен“ правилото не е секогаш точно, но како што научивте уште во прво одделение, шемите најчесто се повторуваат.

 

  1. Вие не сте неверни. Ако тој ве фатил како го изневерувате, има шанса да ви се „освети“ од презир. Секој познава барем една токсична врска каде двајцата секогаш си прават страшни работи еден на друг, а сепак, покрај сите веројатности, тие остануваат заедно. Ако вие не сте таа двојка, се наоѓате во многу добра позиција.

 

  1. Не го занемарувате. Сите сме гледале барем еден филм во кој некој што изневерува тврди дека сакал да се чувствува посакуван, дека другиот не бил таму кога бил потребен, дека се оддалечувале двајцата, итн. Без разлика дали е оправадано или не, ако тој се чувствува дека не се исполнети неговите потреби, тоа би можело да го направи ранлив и да ве изневери. Но, ако секогаш сте приоритет еден на друг во вашите животи, тоа не би требало да ви биде проблем.

 

  1. Никогаш не сте виделе некакви предупредувачки знаци. Иако е можно да ве заслепи партнер кој изневерува, многу луѓе, кога гледаат наназад, чувствуваат дека било очигледно. Ако тој не се однесува чудно и сомнително или постојано го проверува и го крие неговиот телефон, тогаш навистина имате за што да се сомневате.

 

  • Имате здрав сексуален живот. Постојат многу причини поради кои вашиот сексуален живот може да успори малку, но ако го правите тоа редовно, тој едноставно има само одредено ниво на либидо. Не може да има маратонска секс сесија со вас а потоа да истрча и да го повтори тоа со некоја друга. Или може?! Ние одбираме да веруваме дека не може.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi