Дали сте добар спој?

17 октомври, 20170
10

Иако спротивностите се привлекуваат, долготрајна среќа може да се предвиди само на основа на сличности, велат психолозите. Луѓето знаат дека компатибилноста со партнерот е важна, но обично не размислуваат за неа во почеток на врската. Сепак заборавете на емоциите и запрашајте се дали мажот ќе остане покрај вас и по спласнување на страста?

НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ ТЕСТ И ЗАМОЛЕТЕ ГО И ТОЈ ДА ГО НАПРАВИ.

Наведете пет машки особини што ви се многу важни. Сега заокружете точно/неточно за овие тврдења:

МОИТЕ ИНТЕРЕСИ ВКЛУЧУВААТ:

Поминување време со семејството

Спроведување здрав режим на исхрана

Учење нови работи

Заштита на околината

Верба во Господ

Сега пречкртајте ги најмалку важните особини од листата. Потоа заокружете точно/неточно на оваа табела.

Обично сум:                    По карактер сум:

Среќна                                    Срдечна

Тажна                                     Енергична

Загрижена                           Промислена

Полна со надеж                Отворена

Бесна                                      Срамежлива

Повторно вратете се на задолжителната листа и избришете две најмалку важни особини.

Вашите заеднички резултати:

За да бидете компатибилни, вашите карактери мора да се совпаѓаат и би требало да ги исполнувате особините од задолжителната листа. Луѓето често мислат дека имаат многу заеднички црти отколку што реално е. Ако се совпаѓаат две заеднички особини од неговата и од вашата листа и ако сте согласни во одговорот на повеќето точно/неточно тврдења, тогаш имате основа за трајна врска. Ако не, добро размислете дали можете да ги надминете разликите меѓу вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi