Како да го привлечете машкото внимание?

16 мај, 20170
8

Некои жени се родени заводнички, но повеќето припаднички на женскиот пол треба малку повеќе да се потрудат за да го привлечат машкото внимание. Професорот по психологија Дејвид Бас спроведе истражување на 100 студенти при што открива кои женски тактики успеваат да го привлечат вниманието на мажите.

Тој извлекол 6 стратегии или категории кои резултираат со најголем успех кога станува збор заведувањето.

Еве за што станува збор:

1. Уреден изглед

Логично е уредниот изглед да биде на првото место, односно првиот впечаток е најважен дали ќе се допаднете некому. Под уреден изглед се мисли на чиста и средена коса, уредни нокти и добар парфем.

2. Фит тело

Под ова се подразбира грижа и одржување на телото и водење на здрав животен стил. Луѓето кои се задоволни од своето тело полесно флертуваат и комуницираат.

3. Убава облека

Не станува збор за следење на трендови, туку за облека која стои добро на вашето тело и во која се чувствувате самоуверено. Кога се чувствувате убаво и пријатно привлекувате повеќе внимание.

4. Смисла за хумор

Жените секогаш го користат хуморот за да го привлечат машкото внимание. Тоа е една од особините што мажите ги сакаат кај нив.

5. Пристојно однесување

Секој има различна дефиниција за тоа што е пристојно однесување, а што ја минува границата, најважно кај повеќето жени е фактот што во текот на флертувањето се обидуваат да бидат максимално пристојни кон околината.

6. Флерт

Ако некој ви се допаѓа, најдобар начин да го покажете тоа е преку флерт. Сè поголем број на жени ги преземаат работите во свои раце и не чекаат мажите тоа да го прочитаат од нивните гестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi