Како да го заборавиш, засекогаш!

1 септември, 20170
11

Една од најтешките работи во животот е разделбата. Не може да не боли но важно е да знаеме како да го заборавиме и да продолжиме напред. Еден од најтешките чекори за секоја жена е да ги оттргне од животот мислите за мажот кој до скоро го сакала. Навистина е ужасно тешко. И знаете ли зошто? Зошто секогаш криеме мала надеж дека нешто може да се случи. Надежта дека може да се покае, дека сватил дека те сака само тебе, надежта дека решил да се промени…

Надеж и мечти! Точно ова се најголемите непријатели на една жена, која се обидува да избрише еден маж од својот живот. Да, навистина надежта умира последна и точно тоа е најлошото во ваквата ситуација. Ова е патот по кој сите минуваме и колку повеќе тука се задржуваме, толку повеќе си одмогнуваме во достигнувањето на реалната цел – да го заборавиме за секогаш!

Колку побрзо се убедиш дека веќе ништо нема да има меѓу вас, толку побрзо ќе се доближиш до целта и ќе го заборавиш. Не е лесно, но зависи само од тебе. Важно е да повлечеш линија и да си кажеш дека се почнува од почеток – плановите, мечтите, потрагата по нов партнер, стариот начин на живот. Само вака еден ден ќе се разбудиш преродена, минатото заборавено и научени поуки од тоа минато.

Светот е полн со слободни и прекрасни мажи, со кои можеш да се запознаеш и да создадеш нова неверојатна врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi