Зошто на мажите им е тешко да кажат: „те сакам“?

6 септември, 20170
8

Се плашат да не изгледаат глупаво или се плашат од себе си после тоа? А можеби од суеверие, дека зборовите можат да ја растурат магијата?

Споделувањето на чувствата не е ни лигаво, ни глупаво, ни толку страшно, но треба со воздишка да прифатиме дека нашата силна страна (мажите) има различна претстава како треба да се однесува еден вистински маж. Примерите од детството, траумите од младоста, личните карактеристики, се оној коктел од убедувања во нивната глава, кој понекогаш не прави нежно да трепкаме со очите од задоволство, а понекогаш долго да се чудиме.

Според нивните претстави за правилно машко однесување тие демонстрираат самодоверба, ладнокрвност, баланс, умереност, но дали тајно во себе не носат како нас возбуда од желбата да сакаш? Или тага од недостатокот на тоа чувство? Зошто секогаш се спротивставуваат на нашата желба искрено да ги изјаснат своите чувства кон нас?

Признавам дека ми се допаѓа тоа што се различни. Ме провоцира фактот што не знам што мислат и како ќе постапат.

За да ги разбереме мажите понекогаш многу повеќе помага женскиот инстикт, отколку теориите на Фројд и потсвеста, Адлер и комплексите, Маслоу и скалата на приоритетите. Затоа, кога развеселен или тажен, мажот до мене ги избира колебливо и вниматеолно зборовите за да не ми го каже она што се плаши да го преточи во зборови, јас го прекинувам со „те сакам!“. Се чувствува непријатно, но тајно и внатрешно му е убаво. Всушност мислам, дека она, што најмногу го сака во мене, е начинот како јас него го сакам – со зборови, со душа, со тело. А како ме сака тој? Со душа, со тело…и никогаш со зборови.

А понекогаш имам потреба од зборови. А тој молчи. И си мислам: „Ама што си мисли тој? Егоист! Комплексар! Ќе ми се прави на недостапен! Ќе види кога веќе ќе ме нема…“

Од друга страна пак сигурно и на вас ве дразнат жени со недискретна интимност за кои зборчињата „те сакам“ се како „добар ден“. Со ова „те сакам“ ја губи вистинската смисла, води до автоматизам, станува фраза празна без емоција.

Можеби и не се толку виновни мажите што не се расфрлаат така лесно со овие зборови. Бидејќи зборот „те сакам“ носи во себе огромна сила и за тој што го изговорил и за тој што го примил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi