Идеи како да носите цветен дезен оваа зима

14 февруари, 20170
7

Иако цветниот дезен обично е асоцијација за пролетнiте и летни месеци, оваа зима е еден од главните трендови. Се актуелизира со колекциите на Dolce and Gabbana и  на Gucci. Цветниот бан го следат и брендовите за секојдневна мода, па цветните шари се среќаваат не само во линиитеза потоплите месеци, туку најдоа широка примена кај зимските модели.

Може да се сретне како принт, вез, апликација или како форма и тоа не само на вообичаените модни парчиња, како фустаните, здолништата и блузите, туку ова зема е дел од плетените џемпери, на блузоните, бомбер јакните, извезен како шара на џинсот или на кожените креации. Неретко е дел од капутите или зимаката опрема: шаловите, ракавиците или капите, а могу девојки се одлучија и за чанти и чевли со цветен дезен.

Може да се комбинираат повеќе цветни парчиња, а нема воопшто да изгледа невообичаено ако сте во цветни елементи од глава до пети. Ви претставуваме неколку идеи како да ги носите цветените шари оваа зима.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi