18 септември, 2018

Радио

Оваа година најактуелни се моделите со додатоци како ланчиња, металик детали и копчиња, но доколку ја сакате елеганцијата и едноставноста најдобро е да одберете шпиц чизми со патент, без премногу додатоци за полесно комбинирање.

За на работа, за прошетка или за вечерните излегувања, ова е моделот на чевли од кој нема да се одделите следните неколку месеци.

Чизмите до глужд најдобро прилегаат со тесни фармерки, а доколку се на потпетица визуелно ја издолжуваат фигурата.

Речиси секој модел чизми изгледа одлично со тесни фармерки. Сепак, ако чизмите се со должина до половина лист, внимавајте. Таквите чизми визуелно ги скратуваат нозете и ги истакнуваат колковите.

Избегнувајте ги чизмите кои се рамни и гломазни, затоа што ќе создадат ефект на големи стапала.

Покрај волку правила, се прашувате како да ги одберете идеалните есенски чизми?

За визуелно подолги нозе

Ако сакате да постигнете впечаток на подолги нозе, чизмите нека бидат во иста боја со фармерките или панталоните. Со темни фармерки одлично прилегаат сите модели на чизми, па затоа никогаш нема да погрешите.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-1.jpg

Криење на нозете и колковите

Ако сакате да го одвлечете вниманието од широките колкови, послужете се со едноставниот трик на стилистите и облечете чизми кои се потемни од фармерките, а во иста боја со маицата или јакната која ја носите. Така ќе се фокусирате на горниот дел од телото.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-2.jpg

Совршени за ниските девојки

Можеби најголемата предност за ситните и ниски жени се чизмите. Ако најдовте совршени панталони кои ви се малку подолги – ставете ги во чизмите. На тој начин ќе го избегнете ефектот на кратки нозе.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-3.jpg

Црната е секогаш ин

Едноставната комбинација од тесни фармерки, кошула и чизми на потпетица во црна боја е секогаш ин. Таа ќе ви даде елегантен и модерен изглед. Ако фармерките се светли, чизмите нека бидат до глуждот. Избегнувајте ги високите модели во комбинација со светли панталони, затоа што ви ги скратуваат нозете.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-4.jpg

Еве неколку идеи за тоа како да ги комбинирате чизмите за да создадете актуелна есенска комбинација според најновите модни трендови:

http://4.bp.blogspot.com/-HbiihT2SCvI/Ur4GhvidzyI/AAAAAAABP7E/qpRKSTOBuJM/s1600/vestidos+casuales+(2).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-IDzyFwk79Z0/Ur4Gqa5z34I/AAAAAAABP8c/xB7rdCH3wDw/s1600/vestidos+casuales+(3).jpg

http://2.bp.blogspot.com/--ElW8tDEHYY/Ur4GxmIkVII/AAAAAAABP90/JVq5c97_kF8/s1600/vestidos+casuales+(4).jpg

http://2.bp.blogspot.com/-1LQBI7nKm7M/Ur4GyBKpXQI/AAAAAAABP-A/x6TWCiT-TE0/s1600/vestidos+casuales+(5).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-iGyOsPVgNac/Ur4Gz6CxTCI/AAAAAAABP-Y/D7TTYC0jCo0/s1600/vestidos+casuales+(6).jpg

http://2.bp.blogspot.com/-o0PVc0dtZ7k/Ur4GzA_MRpI/AAAAAAABP-M/YVwm48pXBY0/s1600/vestidos+casuales+(7).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-WjprhvLObpw/Ur4Gz1mALRI/AAAAAAABP-U/UDDZM5_gpBM/s1600/vestidos+casuales+(8).jpg

http://2.bp.blogspot.com/-ljqJkPkyKCQ/Ur4G0eLnFLI/AAAAAAABP-c/Tlyc_MV0LO4/s1600/vestidos+casuales+(9).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-IGx8qMyExlA/Ur4GbrYgF5I/AAAAAAABP6E/c4DN4DwXjgw/s1600/vestidos+casuales+(11).jpg

http://3.bp.blogspot.com/-RVYp5iHW1CY/Ur4GcGwSl_I/AAAAAAABP6I/dj755Mexxac/s1600/vestidos+casuales+(12).jpg

http://3.bp.blogspot.com/-C2k5lcoT8lY/Ur4GcbFJrdI/AAAAAAABP6M/8At9Eyx62U8/s1600/vestidos+casuales+(13).jpg

http://2.bp.blogspot.com/-Yth63A3bFvQ/Ur4GdY3NX1I/AAAAAAABP6c/VboOWvZm1zg/s1600/vestidos+casuales+(14).jpg

http://2.bp.blogspot.com/-UDg2KtVswIo/Ur4Geme_xgI/AAAAAAABP6k/ID94FJTx14U/s1600/vestidos+casuales+(15).jpg

http://3.bp.blogspot.com/-9MrZ-j7uTjs/Ur4GfIL4iRI/AAAAAAABP6s/RAfkfO3AMDY/s1600/vestidos+casuales+(16).jpg

http://4.bp.blogspot.com/-ISIBGyYSm6Q/Ur4Gfo4t9sI/AAAAAAABP6w/owzdc2vGPSU/s1600/vestidos+casuales+(17).jpg

http://3.bp.blogspot.com/-NXwAPp8RhJ8/Ur4GisFCkAI/AAAAAAABP7M/OXBU6C-Tv3A/s1600/vestidos+casuales+(20).jpg

http://3.bp.blogspot.com/-8g0JWGi_xgI/Ur4GkJrhrgI/AAAAAAABP7k/oylGPBasWHU/s1600/vestidos+casuales+(22).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-PkTU1rn26Oo/Ur4GlEbziFI/AAAAAAABP7s/8uSMm4E3gLM/s1600/vestidos+casuales+(23).jpg

http://1.bp.blogspot.com/-rD_ew7wD39Q/Ur4Glxuk5kI/AAAAAAABP70/LmsXpwEFt8A/s1600/vestidos+casuales+(24).jpg

 

Остави коментар

Почетна // живот // мода // Како да ги комбинирате чизмите за да создадете актуелна есенска комбинација
Горе