Три ком­би­на­ции на бои што ќе ја од­бе­ле­жат про­лет­та

27 март, 20170
7

Су­деј­ќи спо­ред ди­зај­не­ри­те, кои во сво­и­те ко­лек­ции за про­лет-ле­то 2017 го­ди­на ста­ви­ја ак­цент на бо­и­те, тие ќе ја од­бе­ле­жат но­ва­та се­зо­на. Од­нос­но, со ком­би­ни­ра­ње на бо­и­те на нај­не­о­че­ку­ван на­чин, што во мод­ни­от свет е поз­на­то ка­ко „ко­лорб­ло­кинг“.

Овој тренд се од­не­су­ва на спе­ци­фи­чен на­чин на ком­би­ни­ра­ње на бо­и­те и ве­ќе по­дол­го вре­ме е акту­е­лен, та­ка што ста­на ве­ќе при­фа­тен тренд што го пра­кти­ку­ва­ат не­кои од нај­поз­на­ти­те мод­ни да­ми ка­ко Ви­кто­ри­ја Бе­кам, На­та­ли Пор­там, Амал Клу­ни.

Ана­лог­ни бои

files

Ако са­ка­те сво­јот стил да го на­пра­ви­те ин­те­ре­сен, то­гаш ова е ви­стин­ски вре­ме да ис­про­ба­те ана­лог­ни бои. Наш пред­лог е оваа про­лет тоа да би­дат неж­но­ро­зо­ва и цр­вен бо­ја (од тем­но­цр­ве­на до бор­до) би­деј­ќи оваа ком­би­на­ци­ја во но­ва­та се­зо­на ќе би­де ед­на од нај­по­пу­лар­ни­те.

Мо­но­хро­мат­ско об­ле­ку­ва­ње од гла­ва до пе­ти­ци

files (1)

Са­ка­те бои, но не сте до­вол­но хра­бри да но­си­те ком­би­на­ции што се со­ста­ве­ни од бо­га­ти и ин­тен­зив­ни ни­јан­си? То­гаш мо­же да екс­пе­ри­мен­ти­ра­те со при­ду­ше­ни то­но­ви. На при­мер, об­ле­че­те фу­стан со сил­на бо­ја и ком­би­ни­рај­те со не­у­трал­ни до­да­то­ци или со до­да­то­ци со ме­та­лен сјај. Ме­тал­на­та бо­ја по­себ­но ќе го осве­жи ва­ши­от изг­лед, а ќе го на­пра­ви и мо­де­рен.

Не­у­трал­ни и сил­ни бои

files (2)

Во ва­ши­от пла­кар до­ми­ни­ра­ат не­у­трал­ни бои? И по­крај тоа се­пак, мо­же да екс­пе­ри­мен­ти­ра­те со нив. Нај­до­бар на­чин е да се др­жи­те до кла­сич­на­та па­ле­та, на ко­ја ќе до­да­де­те пар­че во не­ко­ја сил­на бо­ја, ка­ко што е ро­зо­ва или цр­ве­на. Та­ка мо­же фар­мер­ки да ком­би­ни­ра­те со ма­и­ца и со пал­то со впе­чат­ли­ва бо­ја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi