7 причини бебешката пудра да стане ваш бјути-сојузник

3 октомври, 20170
8

Бебешката пудра не се користи само за нега и заштита на бебешката кожа. Познатите визажисти секогаш ја истакнуваат како неизбежен бјути-производ што мора да се најде во бањата на секоја жена! 

Смирете ја кожата по депилација. Свиленкастиот и студен допир на бебешката пудра ќе ја смири иритацијата на кожата по депилацијата со восок или по користењето брич.

Го фиксира карминот за усни. Сакате вашиот кармин да трае цела ноќ? Пред да го нанесете карминот, прво ставете малку бебешка пудра.

Бебешката пудра може да се користи и наместо транспарентна пудра за матирање на кожата. Нанесете на четкичка и поминете преку Т-зоната.

Наместо шампон за суво миење. Бебешката пудра ја впива маснотијата, затоа кога ќе забележите дека косата ви е мрсна, а немате време за да ја измиете, на темето ставете малку бебешка пудра. Само добро расчешлајте за да не останат бели траги.

Сакате дополнителен волумен на трепките? Пред нанесување на маскарата, на трепките со прсти нанесете минимална количина бебешка пудра.

Како и кај децата, бебешката пудра можете да ја користите кога имате осип на телото или при убод од инсекти. Ќе го смири воспалението и ќе ви даде чувство на олеснување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi