Избледете ги флеките на вашето лице на природен начин

14 јули, 20170
10

Не дозволувајте лузните од акните да останат трајно на вашето лице. Да бидеме реални, тие никогаш нема да се избришат целосно, но можете да ги избледите па да бидат речиси неприметни.

Пилинг со сода

Направете густа паста од сода и вода. Со оваа смеса масирајте ја кожата која претходно сте ја намокриле. Содата ќе ги симне мртвите клетки од кожата, ќе ја забрза циркулацијата, и ќе го забрза процесот на регенерација на кожата.

Овошни киселини

Овошјето има чуден ефект, особено ананасот. Овошните киселини кои ги поседува може да ги ублажат лузните на вашето лице. Со парчиња ананас масирајте го лицето, а по 20 минути измијте се со топла вода.

Витамин Ц

Важно е храната која ја внесувате да изобилува со овој витамин. Тој има чудна моќ врз лузните. Но уште подобро е кога директно го нанесувате на нив. Затоа направете една маска со домати. Изрендајте еден домат и малку краставица. Со оваа смеса намачкајте го лицето и прекријте го со една газа. Оставете да делува 20 минути. Потоа измијте се со ладна вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi