24 февруари, 2017

Радио

Убавината и негата се најголемите императиви на скоро секоја жена и никогаш не ни е досадно да бараме нови совети и методи за разубавување. Токму поради тоа, ви претставуваме неколку корисни make-up трикови.

Против кеси под очите

Чајот навистина може да помогне кога ќе се појават знаци на умор околу очите, и тоа еве како: кесичка чај со кофеин прелијте ја со врела вода и ставете ја во фрижидер да се излади, а потоа ставете ја на очните капаци. Држете ја на капаците сé додека не ја поприми топлината на телото, а потоа заменете ја со нова. Повторувајте го ова 2-3 пати неделно. Тајната на успехот на овој метод е во благотворното дејство на кофеинот.

Задржете ја сенката на очите

Поради масната кожа на капаците може да ви се размачка целата сенка, па така да оставите впечаток на неуредност. За да го спречите тоа, пред нанесување на сенка, избришете ги капаците со влажно марамче за отстранување на шминка.

За топол поглед

Во внатрешните агли на горните капаци нанесете малку сенка во златна боја. Ќе му даде на вашиот поглед топлина и отвореност.

Свежи усни

Нанесете тенок слој вазелин и оставете го барем десет минути после што усните ќе ви бидат спремни за омилениот кармин. Пред нанесување на карминот, отстранете го вазелинот со парче памук. Оваа постапка е идеална за отстранување на мртвите клетки од кожата после што таа останува мека и нежна.

Продолжете го траењето на карминот

За да ви остане карминот што подолго е можно на усните, прво нанесете дебел слој балсам и оставете да се упие. После десет минути, отсранете го вишокот со хартиено марамче и нанесете кармин.

 

Остави коментар

Почетна // живот // убавина // Мали козметички трикови за големи резултати
Горе