Маска за коса, за студените зимски денови

23 ноември, 20170
4

Ниските температури, секојдневното носење капи, остава трага на нашата коса. А најважно е да имаме здрава коса за да го постигнеме сјајот и убавиот изглед. Со таа цел на пазарот се појавија многу препарати за коса, кои се во функција да ја подобрат структурата на влакното и вашата коса да изгледа поздрава. Но, тоа може да го постигнете и на поефтин начин. Искоритете ги продуктите од вашиот фрижидер. Подгответе маска за коса на следниот начин: измешајте едно јајце, маслиново масло, лимон и чај од коприва. Јајцето е богато со протеини и есенцијални масла кои ја хранат косата. Маслиновото масло е богато со витамини, а лимоновиот сок е добар за сјај, и помага кај масната коса. Маската подгответе ја така што едно јајце ќе го измешате со една лажица маслиново масло, пола лажица сок од лимон и чај од коприва. Нанесете на косата, и покријте со проѕирна фолија, како состојките подобро би делувале. Измијте ја косата по 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi