Мејкап-трикови за светол тен

24 март, 20170
7

Аристократскиот или блед тен особено е осетлив налето, а освен крем со заштитен фактор, потребна му е и добра шминка. Несаканиот сјај ќе ја избрише проѕирната пудра што служи како основа за преостанатата шминка, а визажистите препорачуваат пудрата да се нанесува и на деколтето за да се постигне природен изглед. 

makeup

Руменилото се избира според тонот на кожата 
Следен чекор е руменилото, чиј избор зависи од тонот на кожата. Затоа на ладните тонови најдобро им одговараат розовите нијанси, а на кожата со пеги најдобро ѝ одговара руменило во боја на кајсија што ќе ѝ даде доза топлина.

Инрензивни кармини за совршен контраст
Налето треба да се придржувате до правилото „помалку е повеќе“, што значи колку е шминката попроѕирна, толку подобро. На светлиот тен не му е потребно сенчење, доволно е да се избере соодветен кармин, кој совршено ќе го истакне порцеланскиот тен. Црвената, коралната и бојата на фуксија се одличен избор за жешките денови.

Бојата на веѓите треба да се усогласи во бојата на косата
Истакнатите веѓи совршено ќе го заокружат лицето, но не треба да се претерува. Најдобро е бојата на моливчето да се приспособи на бојата на косата. Започнете од внатрешниот агол и со кратки и брзи потези исцртајте лак. Потоа нанесете гел за веѓи. Тоа ќе им даде волумен, а и нијансата на моливчето ќе трае подолго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi