Пилинг за тело: За беспрекорна, мека и нежна кожа
22 август, 20170
Налето сакаме да покажеме беспрекорна, мека и нежна кожа. Дури и ако редовно ја мачкате, кожата на рацете, лактовите, колената и петиците често може да биде сува и груба. За конечно да го решите тој проблем, испробајте едноставен пилинг што ќе ви ги даде посакуваните резултати.
Потребни ви се:
– 25 грама мелени бадеми (може и лешници или кафен шеќер)
– 1 лажица мед
– 2 лажици сончогледово масло
– 1 лажица сок од лимон
Добро измешајте ги состојките, па со смесата нежно измасирајте ги проблематичните делови. По пилингот, задолжително намачкајте ја кожата со богат слој хидратантен крем или лосион.