Шампоните кои прават многу пена ја уништуваат вашата коса

18 јули, 20170
11

Доколку имате повеќе пена при миењето на косата, тоа значи дека ја уништувате. Состојката која прави вашата коса да пени при миењето е, всушност, сулфат. Го има во речиси 90% од шампоните за коси, но впрочем тој е многу штетен, а еве и зошто.

1. На прво место – иритација на косата. Доколку ви се случува вашата кожа на главата да се зацрвени или да се појави првут, тоа е токму заради сулфатот.

2. Што кога шампонот ќе ви влезе во очи? Да, веднаш ви поцрвенуваат белките на окото и почнува да ве пецка и да се иритира окото, повторно причината за тоа е сулфатот. Сте забележале ли дека шампоните за бебиња не прават многу пена и не е страшно и доколку шампонот ви влезе во око? Тоа е затоа што шампоните за деца, во поголем број случаи, не содржат сулфат.

3. Ги оштетуваат фоликулите на влакното. Ако користите шампон без оваа состојка, фолекулите на влакната нема да се оштетат. До оштетување на фоликулите доаѓа бидејќи сулфатот премногу го уништува природното масло на косата, што доведува до пукање и сушење на влакната.

4. Долготрајно бојадисана коса. Доколку сте бринета, русокоса или црнка, а вашата коса ја миете со шампон кој содржи сулфат, вашата боја побрзи ќе се одмие. Затоа, секојпат бирајте шампони за бојадисана коса, но без оваа состојка.

Наши дами, се надеваме дека со овие последици ве уверивме зошто е добро да се користи шампон со кој ќе има помалку пена и мирис на главата, а со тоа и поздрава коса. Косата ќе биде здрава и свиленкаста и без шампони со јаки мирисни ноти, и напротив, ќе има природен сјај доколку ја миете со благ детски шампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi