Дали овулацијата понекогаш ве боли?

24 август, 20170
2

Како ПМС-от, грчевите, отеченоста и акните предизвикани од менструацијата да не се доволни па поубавиот пол еднаш месечно мора да излегува на крај и со овулацијата. Повеќето жени не забележуваат големи промени, но кај некои таа предизвикува два споредни ефекти. 

Каква е оваа прободувачка болка?

Дали некогаш сте искусиле ненадејна болка во пределот на долниот абдомен: Невообичаените болки ќе ве натераат да се одите на лекар особено ако ги чувствувате секој месец а не се поврзани со менструалните грчеви.

Овулацијата се јавува од 10 до 14 дена пред менструацијата (зависно од должината на циклусот) и може да предизвика непријатна болка во јајниците. Кога имате овулација, јајцевата клетка се наоѓа во чаура и опкружена е со течност. Кога ќе дојде до пукање на обвивката, течноста се излева и предизвикува болка. Некои жени секој месец минуваат низ ова, додека пак други никогаш во животот не го доживуваат тоа чувство.

Имам ли инфекција?

Ви се случува ли барем еднаш месечно да помислите дека имате некоја вагинална инфекција, да помислите дека треба да одите на лекар, но таа да ви помине сама од себе и да заборавите на се? Станува збор за цервикална слуз и таа може да биде добра работа – во случај да сакате да забремените.

Кога нивото на хормони ќе се смени, се менува и количината на цервикалната слуз. Таа им олеснува на сперматозоидите да допрат до јајцевата клетка и да ја оплодат. Цервикалната слуз станува кремава и белузлава седум дена по завршувањето на менструацијата. Непосредно пред овулацијата ја задржува белузлавата боја за по нејзиното завршување да се згусне и на крајот да исчезне.

Ако сте во исклучително плоден период, ќе произведете толку голема количина на слуз што може да ви се случи да истече од вас и да остави трага на вашата долна облека. Тоа течење ќе ве наведе да помислите дека станува збор за инфекција, но всушност се работи за сосема вообичаена појава. Доколку ве иритира, доволно е неколку дена да користите влошки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi