Како медот може да помогне при катаракта?

14 август, 20170
12

Катаракта е заболување на окото, што всушност претставува затемнување на природната леќа. Преведено од латински катаракта значи “водопад”, но често оваа болест се нарекува со името “старачко перде”. Најчесто болеста се појавува кај постарите луѓе, но постои можност таа да се појави и кај помладите како последица на траума, дијабетис или хронично воспаление. Исто така оваа болест може да биде и вродена.

За да го елиминараат тоа “старечко перде” повеќето луѓе прибегнуваат кон хирушка интервенција, но денес ние ќе ви претставиме неколку лековити рецепти со мед, со кои ќе можете да ја отстраните катарактата.

Со напредокот на науката веќе сме запознаени со лековитите својства на медот.

Еве ги и рецептите кои ви ги нудиме за лекување на катарактата:

  • Растворете мед во превриена вода во сооднос 1:3 и капнувајте во окото 1-2 капки по 2-3 пати на ден. Откако окото ќе се привикне на оваа течност преминете кон помалку разредување додека достигнете сооднос 1:1.  За да има ефект од постапката треба да капнувате од растворот 20 дена во текот на месецот, а следните 10 дена да одморите. Не заборавајте дека треба да користите само природен мед, и да ја приготвувате течноста секој ден, не ја користете старата. Потребно е да бидете на вегетаријанска храна во текот на целиот третман. Катарактата треба да исчезне за околу 2 месеци.
  • Во половина килограм мед додадете 100грама свежа мајчина душица. Добиената смеса ставете ја една недела на темно место. Откако ќе поминат 10 дена, секој ден, 30 минути пред јадење консумирајте по една лажичка. Препорачливо е смесата да се косумира 3 пати на ден.
  • Една лажичка мед се става во една чаша со топла вода. Добиената течност се вари 5 минути на тивок оган и потоа се отстранува од него. Секој ден потопувајте памук или газа во добиената течност и ставете облоги на очите. Времетраењето на стоење на компресијата на заболеното место е околу 5 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi