Кога завршува младоста ?…А кога започнува староста?

15 март, 20170
1

Според неодамнешните резултати од спроведените истражувања, младоста завршува во 49 година од животот а староста започнува во 59 година.

Истражувањето кое го изврши Англискиот завод на плати и пензии даде одговор на прашањето кое многумина си го поставуваат. Имено резултатите од спроведените истражувања покажаа дека, младоста завршува во 49 година од животот а староста започнува во 59 година. Покрај тоа се дојде до сознание дека различноста во перцепции за тоа до кога сме млади и кога остаруваме се различни во зависност од полот и старосната граница на испитаниците.

Луѓето помлади од 25 години сметаат дека границата за тоа кога доаѓа староста е пониска за разлика од оние во 50 година од својот живот. Мажите независно од годините имаат пониска граница за старост од жените.

„Ставовите за младоста и староста зависат од многу фактори, пред се од годините на човекот. Сите имаме различно мислење во зависност во која доба од животот се наоѓаме. Младоста има пониски граници за староста, додека пак постарите лица имаат повисока граница за старост. Но според сумираните резултати и употребата на математички методи за добивање на истите, дојдовме до интересни резултати. Може ќе се изненадите од резултатите но вие сте млади до вашата 49 година а стари штом ја наполните 59, времето измеѓу е златната средина на животот во која уживате во се она што сте го создавале во животот„ – истакнува Стив Веб директор на Англискиот завод за пензии и плати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi