Кора од овошје која треба да ја јадеме

23 јуни, 20170
15

Обично го лупиме овошјето пред да го изедеме, но тоа не треба да ни биде пракса за секое овошје. Постојат и такви овошја чија кора е богата со витамини и минерали. Еве кои се тие овошја:

Манго

Кората на мангото е исто толку богата со витамини и минерали како и самиот плод. Затоа измијте ја убаво, и не ја лупете. Овој плод е одличен за дијабетичарите, а исто така и го регулира нивото на холестерол во крвта.

Јаболка

Кората од јаболка е мека може да ја јадете, а воедно таа е богата со голема количина на калциум  и витамин А. Следниот пат не го лупете јаболкото.

Лимон

Кората од лимон е идеална за системот за варење на храната. Може да ги намали стомачните тегоби, па затоа изрендајте само мала количина од лимон и ставете ја како додаток во исхраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi