Обрнете внимание – зошто на вашата кожа се појавуваат модринки?

10 август, 20170
2

Постојат многу причини зошто ни се јавуваат модрици и зошто кај некои од нас многу полесно и побрзо се појавуваат. Сините и црвените дамки на кожата се појавуваат кога на удреното место доаѓа до пукање на капиларите.

Но доколку и при благи удари ви излегуваат модринки причините можат да бидат следни.

how-to-heal-bruises-996

1. Стареење

Со годините кожата станува потенка бидејќи губиме слој масни наслаги кои претходно сме ги имале, а и колагенот кој ја прави кожата ја забавува својата работа. По шеесеттата година појавата на модринки е многу почеста и може да ја предизвикаат благи удари.

2. Хемофилија

Пореметувањето на функцијата на крвните садови може да е причина за појава на модринки. Ова е една од причините поради кои треба да обрнете внимание на честите необјасниви појави на модринки.

3. Пренапорно вежбање

Веројатно не претпоставувавте, но секој спортист кој се напрега до границите на можностите е изложен на честа појава на модринки за кои и не знае кога настанале. Ова најчесто им се случува на луѓе кои креваат преголема тежина, при што во овие случаи телото се обидува да ни помогне праќајќи поголемо количество крв во деловите кои се напрегаат и тогаш капиларите пукаат. Што секако не значи дека не треба да вежбате!

4. Лекови

Постојат многу лекови кои предизвикуваат привремено слабеење на крвните садови. Некои од нив се аспирин, преднизон, преднизолон, контрацептивни пилули и многу други. Исто така, многу лекови влијаат на редукција на витаминот Ц во организмот како еден од најважните фактори за лечењето на модринки.

5. Дијабетес

Телото во оваа состојба не се брани правилно и модринките се јавуваат и на благ допир.

Се разбира, ова не се единствените причини и најчесто модринките се предизвикани од невнимание и случајни удари.

Доколку забележите прекумерна чувствителност на кожата обратете се на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi