Откриен нов лек за неплодност кај жените

9 март, 20170
10

Британските научници откриле хормон кој би можел да активира полови хормони потребни за овулација и плодност.

Всушност, кишпептинот е главен регулатор на репродукцијата и луѓето без тој хормон не преминуваат низ пубертет.

Научниците тврдат дека неодамна е откриено дека хормонот ги активира половите хормони кои го контролираат менструалниот циклус кај неплодните жени.

Научниците од познатиот британски Универзитет Империјал во Лондон веруваат дека нивното откритие би можело да доведе до нов начин за лечење на неплодноста кај жените кај кои нивото на полови хормони е ниско.

Експертите велат дека кишпептинот многу ветува во процесот на лекување на неплодноста бидејќи резултатите покажале дека терапијата со овој хормон може да ги врати репродуктивните функции кај жените со ниско ниво полови хормони.

Според статистиката еден од седум парови имаат проблем со репродукцијата но голем дел од нив всушност и не се неплодни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi