Против главоболка и хипертензија со јаболков оцет

5 јули, 20170
4

Доколку не сте знаеле, јаболковиот оцет освен во исхраната како додаток се употребува и за слабеење.

Тој е извонреден природен лек за многу заболувања, а научниците велат дека има чудотворна моќ кој треба да е дел од секојдневната исхрана.

Оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на денот е раствор од 2 лажици во млака, претходно превриена вода, со додавање на две лажици мед.

Овој еликсир помага при заболувања на грлото, при нередовна столица, слаба циркулација и размена на материи во организмот, а се препорачува и за заболувања на срцето и крвните садови и при болести на бубрезите.

Јаболковиот оцет исто така го намалува крвниот притисок и е одличен за зачувување на витката линија, а исто така се покажал ефикасен и во зголемување на плодноста, како кај луѓето, така и кај животните.

Облозите од јаболковиот оцет се користат и при проширени вени, а тие во комбинација со здравата исхрана и детоксикацијата на организмот, даваат одлични резултати.

На ист начин, јаболковиот оцет олеснува и некои ревматски заболувања и го отстранува чувството на постојан замор, на кој се жалат сè поголем број на луѓе.

Со јаболков оцет се испира грлото при првите знаци на настинка. Се препорачува да се носи јаболков оцет кога се оди на пат (особено во лето) за да се спречат непријатностите во варењето на храната, кои често се јавуваат како последица на промената на водата и храната.

Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со медот, би требало да заземат важно место. Овој оцет е богат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите и учестува во биохемиските процеси на клетките.

Ако со својот лекар сте ги исклучиле другите причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчеви и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум. Курата со јаболков оцет брзо ќе даде одлични резултати.

Користете јаболков оцет и почуствувајте ги неговите благодети!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi