Брејкденс на сред раскрсница

30 мај, 2018
Брејкденс на сред раскрсница

Нигерискиот сообраќаец ја користи секоја шанса за да се забавува, но и да ги забавува возачите на раскрсница.

Каплар Себул Ауду игра во Абуџи за време на сообраќајниот шпиц на раскрсниците кои тој ги обезбедува, а кажува дека тоа е најдобриот начин за работното време побрзо да му помине.

“Кога бев мал, играв сам со спотовите на Мјкл Џексон, и сега играм за да се забавувам и да се размрдам на работа”, изјавил тој за локалната штампа.

Возачите се воодушевени од неговите брејкденс движења, и многумина од нив ги контактирале локалните власти за да го предложат за награда.

Погледнете.