Каде би требало да патувате во 2019 година? Овие дестинации стануваат ХИТ!

29 октомври, 20180
travelling

Дали веќе планирате патувања во 2019 година? Ако е така, можеби некои од овие дестинации се оние кои што треба да ги посетите …На оваа листа не се само најпосетуваните места, туку и оние кои имаат највисок раст на туристи.

Монголија

Од 2016. до 2018. година, Монголија имала пораст на туристи од 16,1% . За ова во голема мера е задолжен Надам, летниот фестивал кој го слави традиционалниот монголски танц и обичаи. Иако монголскиот живот е концентриран околу номадските обичаи, помладите генерации создаваат урбан живот во Улан Батор, главниот град каде што се отворени неколку необични хотели – Shangri-La i Novotel. 

Уругвај

Иако неговите соседи – Аргентина и Бразил се уште се меѓу најпосетуваните земји во светот, а особено Јужна Америка, Уругвај има пораст на посетители од неверојатни 21%! Островот Жозе Игнасио во голема мера е одговорен за популарноста на Уругвај, бидејќи од рибарско место се претвори во луксузно одморалиште, додека напуштениот град стана врвна кулинарна гастро дестинација. Се разбира, тука е и градот Монтевидео на брегот со неокласичната и Art Nouvea архитектура.

Парагвај

Иако е опкружен со копно, Парагвај е сé попопуларна дестинација во Јужна Америка, која во изминатата година имаше пораст од 17,5 % . Се разбира, најголемата мамка за туристите е водопадот Игуасу Фолс, но исто така и главниот град на Асунсион, кој привлекува странци со својата фасцинантна атмосфера, зелена површина и архитектурата на Beaux-Arts, која вклучува академски неокласичен архитектонски стил кој беше карактеристичен за париското училиште L’ECOLE DES BEAUX ARTS.

Оман

Земјата од Блискиот исток се наоѓа на листата за топ дестинации уште од 2016 година. Ова придонесе за зголемување на бројот на туристи во оваа земја за речиси 20%. Зошто Оман е толку интересрн за туристите? Бели згради, импресивни џамии, живописни и енергични чаршии и прекрасни долгометражни песочни плажи, дали е неопходно да се набројува повеќе? Патем, секој знае англиски тука и не постои ксенофобија, Оман е полн со странци со години. Сигурни сме дека Мускат е најдобрата почетна точка на Вашето патување – главниот град во кој се наоѓаат Кралската опера и православната црква.

Бутан

Една од најсреќните земји во светот е исто така земјата во која туризмот цвета, иако на прв поглед Парагвај нема излез на море! Се наоѓа на Хималаите, со само неколку луксузни туристички хотели. Кралството Бутан нуди егзотика која ќе ве импресионира, но и мистични манастири во карпите кои претставуваат посебно искуство. Исто така ви дава можност да ги посетите нејзините први соседи – Индија и Кина, исто така необични и егзотични земји.

Сејшели

Островот каде што принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го прославија медениот месец, доживеа 15 % зголемување на туристите. Причина? Анализите покажуваат дека островот има значителни бенефиции од конекциите на авиокомпаниите – тој претставува non-stop станица за сите летови кои што одат за Дубаи и Пекинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi