Мароко: Ако сакате авантура, тука ќе ја пронајдете!

28 мај, 2018
14

Значи, авантурата ве очекува во Мароко во земјата на морето, пустините и планините. Државата во северниот дел од Африка, преполна со природни и општетсвени разлики. Културно богата, со оаза сред бескрајната Сахара и чудесни пејсажи на планината Атлас.

Саидиа плажа

Се наоѓа во градот Беркан. Ја нерекуваат син бисер на Мароко. Саидиа е најубава плажа во оваа авфриканска земја. Територијата на Мароко ја сочинуваат 3.000км атлантски и преку 500км медитерански крајбрежја. Меѓу најубавите плажи исто така се Агадир во главниот град Мароко, а тука е карпестата Есауриа.

Казабланка

Казабланка е најголемиот град во Мароко. Посебен е по џамијата Хасан II, кој има највисоко минаре во светот. Висок е дури 210 метри. Овој град стана познат по истоимениот филм во кој играа Хемфри Богарт и Ингрид Бергман.

Маркеш

На берберски јазик кој се зборува во Мароко, Маркеш значи Божја земја. Во него е вековната историја на дланка и токму поради тоа овој град е најатрактивна дестинација во Африка. Тој изобилува со природни атракции, додека целосна спротивност се големите чаршии на кои се поминува целиот ден. За оние кои сакаат природа задолжителна е посета во паркот Мажорел, а за оние кои сакаат архитектура, џамијата Кутибија е потребно да се посети.

Фес

Лавиринт од улички, чаршии и плоштади. Култна средновековна престолнина на Мароко е градот Фес. Познат е по средновековната исламска култура, но и како најголема пешачка зона на светот. Во Фес се наоѓа гробницата на мазги Идрис, основачот на градот.

Танџир

Танџир е најмистериозен град во Мароко. Многу е романтичен. Плажите се особено убави и интересни, бидејќи се споени со теснецот на Гибралтар, а се бањате во Медитеранот и Атлантикот. Долги се и до 10 километри, па за нив обично се изнајмува камила.