Прекрасниот  грчки остров Милос

23 јули, 2018
grc

Прекрасниот  грчки остров Милос има најубави плажи вна целиот Егеј, фасцинантна историја и супер-храна.

Па, сепак, често е неправедно запоставен. Уште подобро за оние што често одат таму, љубоморно криејќи ја оваа тајна од другите.

Иако сигурно сите сте чуле за Милоска Венера, позната мермерна статуа која го претставува божеството Афодита, кое во 1820 година беше пронајдена во еден островски маслинарник, а денес е сосема неправедно во музејот Лувр, во Париз, многу не знаат за овој остров.

Грција има толку многу острови што може да помине цела година, а секој ден да разгледувате по еден. Но, ако немате време да одите на сите, и мора да одберете само еден, дозволете ни да ве убедиме дека тоа е Милос, пред Санторини и Миконос.

Од сите Милос има најмногу плажи, дури седумдесет пет со препознатливо сив песок. Калеидоскопската боја се менува на овој драматичен остров што е последица на вулканската активност, и тој е еден од најубавите Грчки острови.

Освен со своите зачудувачки моќи, неверојатно убава природа и интригантната историја, речиси остана девствено недопрен, одолевајќи му на масовниот туризам.

Како и да е, од страна на Грчката ортодоксна црква, овој остров е прогласено за Свет остров, бидејќи токму тука се пронајдени христијанските катакомби од првиот век н.е и заедно со римските (кои се претпоставува дека се нешто по-стари) се венчани со најзначајните предмети од раното христијанство. Катакомби биле користени до 5 век. Во времето на прогон на првите христијани, служеле за молитва и погребување.

Постојат вкупно три катакомби со многу мали и големи ходници во вкупна должина од 200 метри. Проценето е дека повеќе од 2000 христијани биле погребани во нив. Само дел од катакомбите денес е отворен за посетители. Островот има 140 цркви и капели.

Кратките плажи, сместени помеѓу белите карпи и тиркизното море, содржат кревети за сонце, шарени чадори и освежителни коктели. Главниот град е Плака, кој постои уште од средниот век, од каде имате величествени погледи.

Постои околу седумдесет и пет плажи на островот. Хивадолимни плажата е најдолга, додека врвните плажи кои треба да ги посетиш се: Саракинико, Папаграгас, Капрос, Пачена, Алогомантра, Константинос, Митакас, Мантракија, Фиропотамос, Неродафни, Лакида, Платиена, Фуркоуни, Арети, Полонија, Гурадо и Филакопи.

Плажа Саракинико, која се наоѓа на 4 километри од Плака, е една од најубавите во Грција поради своите бели и формирани вулкански ѕидини. Со толку голем спектар на плажи дури е можно да се најде залив, кој може да биде само ваш.

Милос е познат по одлична храна, а најдобрите ресторани за препорака се Да Пепе, Навагио, Микрос Апоплус, Хамос, Гиалос, додека за најдобро мезе и узо пронајдете го кафулето Мелеико. Ако после добрата морска храна не можете да одолеете на десертот, најдобар ќе пробајте во Аггелики, каде што се нуди најубавиот домашен сладолед.

Наша жешка препорака е да застанете во живописното село Адамас, кое има безброј ресторани, таверни, сувенирска продавница и преубаво шеталиште со модерни бутици. Адама е идеално место за престој на оние кои доаѓаат на Милос без кола, а оттаму може да се патува со бродови до другите блиски острови. Романтичарите го препорачуваат рибарското село Полонија.

Милос е прилично тивок и нема ноќен живот како Миконос, и затоа на овој остров најмногу доаѓаат семејства и двојки, па зависи само од вас како си ја замислувате грчката островска авантура.