Слушнете, почувствувајте, визуелизирајте … Занзибар!

26 јули, 2018
зз2

Занзибар асоцира на зачини, шарени ткаенини и егзотични плажи оформен од корални гребени. Се наоѓа на исток од брегот на Танзанија, има тропска клима и мултикултурна популација.

Пазарите на истоименото главно градче секогаш се брзи, гласни и преполнети со мирис на илјадници различни зачини. Stone Town (Стоун таун) е стариот дел на градот и е прогласен за светско наследство поради неговиот историски и културен интерес.

 

Островот Занзибар е изграден главно од корални гребени, така што фасцинантните релјефни облици на овој пат нема да ве остават рамнодушни. Ова е идеално место за летување и одмор во текот на целата година, бидејќи просечната температура во јануари изнесува околу 28 ° C, а во јули околу 23 ° C.

За љубителите на водените спортови Занзибар исто така има што да понуди. Површинско нуркање, скијање на вода, сурфање, традиционална навигација на чамци познати како “гарауа”, возење кајак или рибарење во длабоко море, се само дел од она во што можете да уживате.

Реалноста нека почека.