Човек треба да го цени тоа што го има, пред да зажали дека го изгубил

27 јуни, 20180
5

*Посакај го невозможното, направи го неоходното и ќе го добиеш максималното!

*Секогаш има по малку вистина зад секое „се шегувам“. По малку знаење зад секое „не знам“, по малку емоција зад секое „не ми е грижа“ и по малку болка за секое „се е во ред“. Само оној што вистински сака ќе знае што навистина стои зад овие фрази.

*Ќе разбереш дека навистина сакаш некого, кога сакаш тој да биде среќен, дури и ако неговата среќа значи дека ти нема да си дел од неговиот живот.

*Човек треба да го цени тоа што го има, пред да зажали дека го изгубил.

*Некои луѓе се како динарче, со две лица и ништо не вредат.

*Пред да почнеш да осудуваш некого, земи ги неговите обувки, мини по неговиот пат, пробај ги неговите солзи, почувствувај ја неговата болка, и кога ќе се сопнеш на секој камен по неговиот пат на кој и тој се сопнал…дури тогаш можеш да му кажеш како се живее!

*Никој не заслужува да лееш солзи за него, а тој што заслужува никогаш нема да те расплаче.

*Не можеш да заборавиш нешто што ти го сменило животот, не можеш да заборавиш чувства, кои те натерале да пораснеш!

*Само очите го кажуваат она што усните го премолчуваат…

*Кога животот стана толку скап, а луѓето толку ефтини?!

Тоа е невозможно! – рекла Причината. – Тоа е безсмислено! – рекло Искуството, – Тоа е безполезно! – пресекла Гордоста, – И сепак, пробај…прошепнала тивко Мечтата.

*Нема послаба жена од онаа што љуби и посилна од онаа што е сакана!

*Нема опасни жени…има само слаби мажи!

*Не сум Господ за да им судам на луѓето…не сум Господ, па да им простувам!

*Нема ништо поубаво од тоа наутро да се разбудиш со широка насмевка на лицето, а виновникот за тоа да лежи до тебе!

*Ужасно е чувството кога не знаеш дали треба да почекаш или едноставно да се откажеш.

*Животот не е да чекаш да престане бурата, а да научиш да танцуваш на дождот.

*Љубовта не е да најдеш некој со кого да живееш, а да најдеш некој без кого не можеш да живееш.

*Жената со карактер ги плаши слабите мажи, но ги излудува силните.

*Не можеш да откриеш нови хоризонти, ако немаш храброст да го изгубиш брегот од погледот.

*Живеј сега, зошто вчера нема да се врати, а утре може да не дојде…

*Да се откажеш од нешто, не секогаш значи дека си слаб…понекогаш тоа значи дека си доволно силен, за да продолжиш сам…

*Имам илјада причини за да заминам, а јас барам една за да останам…

*Љубовта е историја во животот на жената и епизода во животот на мажот!

*Во љубовта секогаш посилен е оној кој помалку сака, а уште посилен е оној, што воопшто не сака, а само дозволува да го сакаат.

*Љубовта бега од оној што ја брка, а на оној што ја избегнува му се обесува на вратот.

*Верувате ли во љубов на прв поглед или да наминам покасно?

*Кога вратата на среќата се затвори, тогаш друга се отвара, но додека гледаме во затворената врата, нема да ја видиме отворената!

*Љубовта не може да се скрие, а кога ќе исчезне, тоа уште помалку може да се скрие!

*Да се спротивставуваш на љубовта, значи да ја снабдиш со ново оружје…

*Во секоја приврзаност има две страни, едната сака, другата дозволува да ја сакаат, едната бакнува, другата го врти лицето.

*Добро можеш да зборуваш само за онаа љубов што не ја чувствуваш.

*Сегашноста е она што минува неусетно покрај нас, додека размислуваме за минатото и се тревожиме за иднината.

*Ако сакаш некого пушти го на слобода. Ако тој се врати, засекогаш е твој. Ако не се врати, значи никогаш и не бил.

*Сакајте се и ќе бидете среќни. Толку е едноставно и толку тешко.

*Оние што ме сакаат најчесто не ме заслужуваат, а оние што не ме сакаат, немаат вкус.

*Кога често се среќаваме со дадени луѓе, тие стануваат дел од нашиот живот. И кога ќе станат дел од нашиот живот, започнуваат да се обидуваат да го сменат. И се лутат кога не го правиме она што тие го бараат од нас. Бидејќи секој си мисли дека знае како другиот треба да го живее животот, но всушност никој не знае како треба да го живее својот сопствен.

*Можеш да имаш се што ќе посакаш во животот само ако го посакаш од дното на својата душа. Копнежот треба да е така силен што да извира низ кожата и да се слива со енергијата што го создала светот.

*Биди искрен во мислите, биди чист во чувствата. Тогаш нема да мораш да ја бараш среќата. Таа сама ќе те најде.

Љубовта ни дава шанса за миг да ја видиме вечноста…

*Ако имаш љубов во животот таа може да замени многу нешта што ти недостигаат. Ако немаш љубов во животот, не е важно што уште имаш – тоа не е доволно.

*Таму каде нема љубов, таму нема и душа.

*Љубовта е дете на илизујата и мајка на разочарувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *