13 ноември, 2018

Радио

Изгледа извонредно!

Ако сте ги прочитале мемоарите на американските поети и есеиската Френсис Мејс или сте го гледале филмот “Под сонцето на Тоскана”, тогаш сигурно сте сонувале да се преселите во прекрасната Тоскана.

Во тој случај, ќе ве развесели веста дека можете да ја изнајмите прекрасната вила од филмот која го носи името Вила Лаура.

Вилата датира од 17. век, сместена е на фарма и стакленик со цитруси и е обновена во 2006 година. Има 10 спални соби кои можат да примат 20 гости, 10 купатила, камин, вински подрум, домашно кино и соба за игри.

Во дворот се наоѓа базен, органска бавча и прекрасен простор за одмор.

Цена за една ноќ во оваа вила изнесува помеѓу 2.362 и 4.051 долари, а погледнете како изгледа и самите оценете дали се исплати.

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Дали знаете дека можете да ја изнајмите прекрасната вила од филмот “Под сонцето на Тоскана”?
Горе