Како да го пропатувате целиот свет и заработите: 6 совети на туристичка блогерка за економични патувања во самостојна организација

17 септември, 20180
patuvanje

Блогерката советува како да располагате со пари во странство. Сигурна е дека така секогаш ќе имате доволно пари …

Елис Кук (27) и нејзиниот сопруг Доменик Палумбо (30)  една година патувале низ Австралија во комбе, а сега одлучиле да откријат како успеале финансиски да се покријат.

Нејзиниот предлог на самиот почеток е да се зачлените во авто-клуб со најсоодветна понуда, бидејќи тие ќе ви бидат најдобри пријатели во текот на патувањето.

Друг совет е да разговарате со локалните жители и со останатите патници.

Елиса тврди дека тие и мажот посетиле некои од најдобрите места само затоа што слушале совети од локалните луѓе. Тие ги упатуваа во вистинска насока, додека другите патници им помагаа со своите искуства.

Советот број три гласи – кампувајте што е можно повеќе.

Очигледно станува збор за најповолно сместување. Конкретно, кога станува збор за Австралија, има бесплатни кампови, а дури и оние што се плаќаат не се претерано скапи. Тие се обидуваат да трошат во светот исто толку колку и во својата земја и се грижат да не трошат повеќе отколку што имаат.

Како што вели, плаќањето со картичка значи дека не мора да се грижи за валутите кога менувате пари во менувачници.

Совети за сегашните и идни патници е да проверат која картичка има најдобри услови во земјата во која патуваат.

“Ние користиме картичка за да добиеме наградни поени и за да имаме осигурување на патувања. Го трошиме само она што го имаме, не повеќе од тоа,” напишала таа.

Советува и употреба на картички наменети само за патувања, на кои е можно да се додадат пари во валута на земјата во која патуваат.”Ние плаќаме само со картички, за да можеме подоцна да видиме на што сме потрошиле,” вели.

Избегнувајте групни патувања и популарни места

“Веруваме дека секогаш е подобро да искусите сами места на автентичен начин, што значи без група на луѓе која ве опкружува”, вели Елис.

Сами подготвувајте ги јадењата, избегнувајте ресторани.

Додава дека сами ги готват своите оброци, што е поздраво и поевтино од тоа да јадат готови јадења или да одат по ресторани. Ако цел ден сте активни со себе понесете грицки. Исто така, советува да понесете свое пиење кога тоа е возможно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *