И не станува збор само за нејзиниот извонреден изглед, туку и фантастичното опкружување, со што посебно се воодушевени љубителите на природата.
Playa del Amor, егзотичната “скриена плажа”, се наоѓа на еден од бујните и ненаселени Мариетски острови во Мексико.
Playa del Amor се наоѓа на островот Мариета, на брегот наПуерта Ваљарта, и е една од најубавите плажи што Мексико може да ги понуди. Причината е нејзината скриеност – можете да пристапите до плажата само со пливање низ тунелот што го поврзува со Тихиот Океан или едночасовно возење со кајак или чамец.
Тунелот што ја поврзува скриената плажа со морето Кортес е на околу шест метри надморска височина, плажата е покриена со пештера со огромна дупка што и овозможува на светлината на Сонцето да навлезе.
Морето Кортез е познато по својот разновиден подводен свет – корали, риби и други морски животни.
Флората и фауната на Playa del Amora ја прават оваа плажа идеално место за љубителите на природата, а особено привлечни се коралните гребени за оние кои се обидуваат да нуркаат и да уживаат во подводниот свет.
Исто така постои и песочна плажа за сончање, но и сенка каде што можете да се засолниште за време на жешките часови.
Островите Мариета се на околу еден час возење со брод од копното на Пуерта Ваљарта. Постојат неколку туристички компании кои обезбедуваат еднодневни аранжмани до Плажата на љубовта.