Баклава ролнички

21 мај, 20180
11

Потребни состојки:

За ролничките:

8 листови кора за баклава

80 гр. ореви

80 гр. печени бадеми

100 гр. бела чоколада

50 гр. маргарин

За сирупот:

330 гр. шеќер

180 мл. вода

5 зрна кардамон

2 лажици сок од лимон

Подготовка:

Исецкајте ги бадемите и оревите, а чоколадата исецкајте ја на ситни коцки и измешајте ја со бадемите и оревите. Стопете го маргаринот во посебен сад.

Секоја кора поделете ја на 4 дела. Еден дел премачкајте го со стопениот маргарин, па врз него ставете друг дел и повторно намачкајте го со маргарин. Врз него ставете една лажица од смесата со ореви бадеми и чоколада. Свиткајте ги краевите навнатре и свиткајте ролничка. Повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки.

Наредете ги ролничките во намрсен плех, па премачкајте ги со растопен маргарин. Печете на температура од 180 степени се додека ролничките не поруменат, па откако ќе се испечат оставете ги да се изладат.

Во тенџере ставете ја водата и шеќерот и гответе на умерен оган се додека шеќерот не се растопи, па потоа додајте го кардамонот и ринглата загрејте ја на најсилно. Кога смесата ќе зоврие намалете ја температурата и гответе уште 5 минути за да се згусне сирупот. На крајот додајте го сокот од лимон и со сирупот прелијте ги ролничките.

Баклава ролничките треба да ги оставите да отстојат преку ноќ за целосно да го впијат сирупот. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi