Колач „страчатела“

15 март, 20180
7

СОСТОЈКИ:

 За кора: 

4 јајца

5 лажици шеќер

200 г маргарин

100 г чоколадо за готвење

2 полни лажици брашно
За прв фил:

1/2 литар слатка павлака

250 г чоколада за готвење
За втор фил:

1/2 литар слатка павлака

100 г рендано чоколадо

100 г печени и мелени лешници (или ореви)

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Јајцата се матат со шеќерот. Маргаринот се топи на тивок оган и се додава во садот за матење. Чоколадото, исто така, се топи и се додава во садот за матење. Накрај се додава и брашното. Смесата ја истураме во тепсија со димензии 20х30, обложена со хартија за печење. Печеме во загреана рерна.
    2. Го приготвуваме првиот фил. Слатката павлака и чоколадото се загреваат додека се стопи чоколадото. Смесата се лади во фрижидер и потоа така изладена се мати со миксер за да се добие убав крем.
    3. За вториот фил матиме 1/2 литар слатка павлака, се дели на два дела. Во првиот дел се ставаат ренданото чоколадо и лешниците и се соединува со лажица. Вториот дел останува бел.
    4. Филување: кора – чоколаден фил – фил со чоколадо и ореви – слатка павлака (бел фил).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi