21 мај, 2018

Радио

Состојки:

  • 200 г шеќер (за течната смеса)
  • 250 мл масло за готвење
  • 100 мл млеко
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 4 јајца
  • 175 г брашно (за светлото тесто)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 125 г брашно (за темното тесто)
  • 25 г какао
  • 1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви делови.
  2. Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тест. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно, релативно тенко тесто.
  3. Во трет сад се меша брашното прашок за печење и какаото за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогена, исто така течно тесто.
  4. Следи најважниот дела за да се добие шара која наликува на зебра. Округла тава се премачкува со маснотија (путер, маргарин или масло) и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, пото се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
  5. Се става во згреана рерна на 190° С и се пече 20-тина минути.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Колач Зебра
Горе