21 јуни, 2018

Радио

Подготовка: 20 минути

Порции: 12

Состојки:

  • 750 мл (3 чаши) сладолед од јагода и ванила, малку омекнат + 12 мали топчиња сладолед за сервирање
  • 225 грама (1 ½ чаша) брашно
  • Сецкани јагоди (за сервирање)
  • Чоколадни трошки (за сервирање)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Наредете 12 калапи за мафини (80мл) со хартиени подлоги. Ставете го омекнатиот сладолед и брашното во чинија и мешајте да создадете смеса. Поделете ја смесата еднакво за сите калапи. Печете 12 до 15 минути или додека не видите како нараснуваат мафините. Оставете ги да се оладат. Врз секој мафин ставете мало топче сладолед, сецкани јагоди и чоколадни трошки.

 

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Мафини со сладолед
Горе