Сочни и вкусни поховани тиквички од рерна

28 август, 20180
p

Омилен начин за поховање на тиквички,едноставен и брз, а тиквичките остануваат меки и вкусни!

Состојки:

  • 2 тиквички
  • сол
  • 4 јајца
  • 150 гр презла
  • 200 гр брашно
  • Маслиново масло или сончогледово масло

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и пресечете ги на кругчиња, ставете ги во подлабока чинија, насолете ги и измешајте ги со рацете. Оставете 10-15 минути да отстојат за да пуштат вода и исцадете ја. Јајцата изматете ги со вилушка, а секое кругче прво извалкајте го во брашно, потоа во јајца и конечно во презла.Ставете парче хартија за печење во тепсијата и ставете ги кругчињата, прелијте го секое кругче со малку маслиново масло. Печете во рерна на 220 степени околу 30 минути. За време на печењето, свртете ги тиквичките да се испечат и од другата страна. Уживајте!

Можете да ја видите подготовката во видеото:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi