Торта за 15 минути од бисквити и павлака
18 мај, 20180
Состав:
- 1 пакување бисквити „petit beurre“
- 24 чоколадни крем банани
- 200 милилитри кисела павлака
- 200 милилитри слатка павлака
- 200 грама шеќер во прав
- Шлаг пена
Подготовка:
Во поголем сад со помош на миксер изматете ги киселата и слатката павлака и додадете го шеќерот во прав. Во смесата додајте ги искршените бисквити а потоа и крем бананите кои исто така се кршени. Измешајте со рака.
Смесата префрлете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг пена.
Доколку е потребно, можете веднаш да ја сервирате тортата, иако многу подобро е пред да ја сервирате, да ја оставите малку да се олади во фрижидерот.