16 септември, 2019

Радио

Не, не станува збор за Ким Кардашијан!

Со сестрите од кланот  Кардашијан / Џенер нема шега.

Иако многумина ги критикуваат дека имаат лошо влијание на помладите генерации, најпознатото семејство е познато по своите бројни деловни успеси. Сепак, најмладата од сестрите може да се пофали дека е најбогата.

Секако, станува збор за 21-годишната Кајли Џенер, чиј што нејзиниот мега-успешен бренд, Kylie Cosmetics, ја доведе до тоа наскоро да стане милијардерка. Освен брендот за козметика, Кајли, исто така, заработува од нејзините објави на Instagram за кои брендовите и плаќаат до еден милион долари по фотографија.

View this post on Instagram

no days off ♥️

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Покрај тоа, младатата госпоѓица Џенер го достигна петтото место на Форбс листата на најбогати личности во САД. Ова место Кајли го дели со реперот и продуцент Џеј Зи, чии средства се проценуваат на околу 900 милиони долари.

На првото место на оваа листа е авторот на „Star Wars“, Џорџ Лукас, чие богатство се проценува на вртоглави  5,4 милијарди долари. После него е  режисерот Стивен Спилберг, чиј имот изнесува 3,7 милијарди долари, легендарната Опра Винфри вреди 2,8 милијарди долари и познатиот кошаркар Мајкл Џордан, кој поседува 1,7 милијарди долари.

Остави коментар

Почетна // Забава // Која од сестрите Кардашијан / Џенер е една од најбогатите луѓе во Америка
Горе