Крај на легендарниот рокенрол бенд!

25 септември, 20180
кк

Високи потпетици, многу шминка, костими и хардкор звук, се препознатливи како составен дел од култниот рокерол бенд KISS кој ќе ги испрати последните бакнежи на фановите на претстојната финална турнеја во нивната долга и успешна кариера во текот на која тие засекогаш влегоа во музичката историја.

Рокерите по 45 години “растурање” на сцената објавија во средата во рамките на настапот на натпреварот “Америка има талент” дека последната светска турнеја на која одат се вика “Крајот на патот” и дека е време да се поздрават со фановите.

“Ова ќе биде нашата последна турнеја. Тоа ќе биде најексплозивното, најголемо шоу што сме го направиле. Луѓе кои не сакате, дојдете да не видите.Ако никогаш не сте не виделе во живо, сега е време. Ова ќе биде тоа шоу”, најавија тие.

Бендот сеуште не ги објави официјалните датуми и места на настапи, но наскоро ќе ги очекуваме на нивниот официјален сајт.

Ова не е првпат KISS да објават крај, бидејќи тоа го направија во 2000 година, па две години подоцна се предомислија и продолжија да настапуваат.

Сепак, беше последна турнеја во која групата настапи во оригиналниот состав – Пол Стенли, Џин Симонс, Ејс Фрили и Питер Крис.

Сега поставувањето на бендот го вклучува и “оригиналите” Пол и Џин, како и Томи Тајер и Ерик Сингер.

“Се што изградивме и освоивме во изминатите четири децении никогаш не би можело да се случи без милиони луѓе ширум светот кои ги наполнија клубовите, арените и стадионите во текот на годините. Ова ќе биде последната ода за оние кои не гледаа и последната шанса за оние кои не не виделе. KISS армијо, се поздравуваме на нашата последна турнеја која ќе биде најголемо шоу досега и ќе заминеме на истиот начин на кој дојдовме – несопирливи и без каење” музичарите соопштија во официјалното соопштение.

Потсетете се и уживајте во некои од нивните многубројни хитови:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi