НЕВЕРСТВОТО И КРИЗАТА ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА ГИ ДЕМАНТИРАА СО ЖЕШКИ БАКНЕЖИ

29 октомври, 20180
dua lipa

Британската пејачка со потекло од Косово, Dua Lipa, која што на Инстаграм ја следат повеќе од 20 милиони, во февруари освои две награди на British Awards, за најдобар нов музичар и најдобар соло изведувач, и успешно ја надмина кризата во врската што беше преувеличена во таблоидите.

На крилјата на успехот, со спектакуларен настап во мај оваа година, Дуа Липа отвори еден од најгледаните и најскапите спортски настани во светот, финалето на Лигата на шампионите. И покрај тоа што и оди во музички води, успешната пејачка исто така ужива и во приватниот живот. Пејачката е во долгогодишна врска со партнерoт Isaac Carew.

Иако во јуни таблоидите пишуваа за неговото наводно неверство и раскинување, бидејќи познатиот готвач и модел беше фатен во страстен танц со непозната бринета во ноќен клуб, заљубениот пар  го негираше тоа со неодамнешната објава на социјалните мрежи.”Поминав две недели во Индија со мојата љубов. Посетивме многу места. Можам само да кажам дека целосно се опуштивме и се фасциниравме од нивната култура, храна и традиција. Толку многу сонувавме за ова патување. Од пет часот наутро вежбав јога и сега сум подготвена за работа. Сите фотографии од ова патување се насправени со фотоапарат со филм, само за да се одморам од мобилниот телефон. Ќе ве замолам за трпеливост додека не ги извадам сите фотографии “, додаде заљубената Дуа Липа, која сепак објави две фотографии од нејзиниот телефон за да го овековечи одморот од соништата, на кои својот партнер го чести со топли бакнежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi