Посебна облека и насмевки кои вредат повеќе од секое богатство

27 декември, 2018
j lo

Актерката и пејачка Џенифер Лопез на Instagram сподели фотографии од Божиќната прослава.

Џеј Ло одлучи овој празник да го помине во семејна атмосфера, со нејзиното момче Алекс Родригез, пензиониран безбол играч.

По повод Божиќ, среќната и вљубена двојка дури и модно се усогласија, така што носеа идентични црвени пижами кои целосно ги израдува нивните обожаватели.

Џенифер и Алекс се во врска од минатата година, и со задоволство  својата љубов ја споделуваат на социјалните мрежи, па дури и во медиумите, тие не кријат колку се чувствуваат исполнето еден покрај друг.