После бројните критики дека е дебела и непосакувана: Ријана се врати на сцената посексипилна од било кога!

3 декември, 2018
Capture

До неодамна ја осудуваа на сметка на нејзиниот физички изглед, дека е дебела, односно ненормално здебелена и дека таа повеќе не личи на себе.

Познавајќи ја нејзината природа, нè изненади што пејачката од Барбадос не се огласи и не одговори на сите тие негативни коментари.

Очигледно е дека напорно работела со цел да го промени тоа и помпезно да и се врати на блескавата сцена на шоубизнисот!

Последните неколку дена социјалните мрежи „гореа“ поради фотографиите на Ријана. Всушност, таа стана заштитно лице на бренд за долна облека и самите слики се многу провокативни.

Многу е јасно дека пејачката својата линија и изглед ги довела до совршенство.

А она што е како шлаг на тортата, по фотографијата на креветот е објавена нова, која за само половина час собра над 60.000 лајкови!

„Ова е најдоброто од Ријана, Кралица, Долгите нозе на мојот живот, Прекрасна “, се само некои од коментарите кои дополнително ја украсија фотографијата на секси пејачката на која ги истакна нозете, кои пред само неколку години таа парично ги осигура!