Супермен доби отказ !?

17 септември, 20180
с

Што го гледавте во хеланки – го гледавте.

Актерот кој го глуми Супермен во три филмови, Хенри Кавил, доби отказ од Ворнер Брос.

Кавиловите агенти преговараа со студиото околу неговото, поточно појавувањето на Супермен во филмот “Шазам”, но договорот не е постигнат.

Не е наведено дали станува збор за понуден хонорар или за ангажман во некој нов филм, поради што не можеше да ги сними и овие сцени.

Хенри Кавил го глумеше Супермен во три филмови – “Човек од челик”, “Бетмен против Супермен” и “Лига на правдата”.

Во филмот “Шазам” требаше да одглуми неколку сцени, по што Ворнер Брос би се”префрлил” на приказната за “Superwoman”, во која немаше да има место за Кавил, бидејќи филмот ќе биде за младата суперхероина.

Со самото тоа што ја одбил улогата во филмот “ја затворил зад себе вратата за идни проекти”.

Од студиото велат дека овој пат ќе дојде нов актер “бидејќи Супермен е како Бонд – одвреме-навреме доаѓа нов таен агент на местото на стариот”.

Накратко, откако беше објавено дека Кавил добил отказ, ја објави оваа снимка на Instagram:

View this post on Instagram

Today was exciting #Superman

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill) on

Дали со ова ја демантираше изјавата дека повеќе нема да биде Супермен, или е возбуден поради играчките со неговиот лик?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi