13 ноември, 2018

Радио

Британски истражувачи го објавија најновиот извештај за смртта на пејачката на ирската група The Cranberries.

Безживотното тело на Долорес О’Риордан (40) беше пронајдено во када во еден хотел во Лондон во јануари.

Пејачката не оставила никакво писмо, ниту се откриени повреди на нејзиното тело, па истражувачите заклучија дека ова е несреќен случај.”Долорес за жал пијана се удави во кадата. Не се работи за самоубиство”, пишува во извештајот.

The Cranberries е основан во 1990 година. Основачи се браќата Ноел и Мајк Хоган со тапанарот Фергал Лулер. Првиот пејач на бендот беше Нил Квин, а кога тој го напушти бендот, на аудиција за нов пејач, се појави пријателката на неговата девојка – Долорес О’Риордан.

Деби албумот “Everybody Else is Doing It, So Why Can’t We?” продолжува меѓународниот успех на песната “Linger”, а и следната “No need to Argue” од 1994 година се продаваат во повеќе милиони копии.

Остави коментар

Почетна // Забава // The Cranberries: Долорес не изврши самоубиство
Горе