Aдриана Лима не можеше да ја сокрие тагата, се расплака на сред пистата

9 ноември, 20180
0

Бразилската манекенка и ангелот на Викторија со најдолг стаж, вчера ја прошета модната писта за последен пат  со крилјата на грбот.

На вчерашната ревија на американскиот бренд  Victoria’s Secret која се одржа во Њујорк, манекенката Адриана Лима (37) за последен пат се прошета во  друштвото на ангелите на Викторија. На модната пистата беше најстара од сите модели што ја носеа новата колекција на популарниот бренд за долна облека, но заработи најгласни овации кога и се поклони на публиката и потврди дека ова е нејзиниот последен ангажман во улогата на ангел.

Бразилската манекенка ја изгради својата кариера, главно благодарение на ангажманот за Victoria’s Secret: нејзината прва ревија беше во 1999. година, а една година подоцна стана ангел. Адриана го држи рекордот за ангел со најголем стаж, а минатата година беше прогласена за највреден модел на брендот. Бразилката пет пати го отвори Victoria’s Secret Show , ревија која секоја година со нетрпение се очекува, а во 2012. година одеше на модната писта за помалку од два месеци по раѓањето на втората ќерка. Од 1999 година, таа пропушти само едно шоу кога беше бремена во 2009 година, а нејзината лојалност беше наградена во Victoria’s Secret. Покрај тоа што веќе неколку години се наоѓа на листата на најплатени манекенки, Адриана дури три пати го носеше Fantasy Bra, најскапото парче долна облека на шоуто, чија вредност е милиони.

Иако тоа беше посебно емотивен момент, Адриана за време на целата ревија одлично се забавуваше, а дека заминувањето тешко и паѓа покажа кога последен пат дојде пред публиката во светкавиот корсет, со крилјата на грбот, се поклони и им се заблагодари на сите.

Тејлор Хил, Јасмин Тукес, Елса Хоск, Бехати Принсло и Кендис Сванепул  заедно со неа ја доживеаа  емоционалната вечер, а за простувањето да биде целосно недостасуваше само манекенката и блиска пријателка на Адриана, Алесандра Амбросио, која минатата година ја напушти работата како ангел.

Шоуто оваа година се одржа во Њујорк , а ќе се емитува на 2-ри декември, кога ќе ги видиме и настапите на музичарите: настапуваа The Chainsmokers, Halsey, Kelsea Ballerini, Rita Ora, Shawn Mendes, The Struts и Bebe Rexha, која за настапот ја одбра креацијата потпишана од Јурај Зигман, хрватски дизајнер кој веќе ја облекувал неколку пати.

Дотогаш во галеријата можете да видите каква долна облека има подготвено овој влијателен бренд за новата сезона. Парчињата ги претставуваа моделите како што се Тејлор Хил, Бехати Принслоу, Кендал Џенер, Гиги Хадид и Бела Хадид, додека најскапиот градник за оваа година го носеше Елса Хоск, проценет на еден милион долари.

   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi