Цеца ја откри вистината за здравствената состојба на Марина Туцаковиќ

3 мај, 20180
6

Откако во почеток на февруари осамна веста дека популарната авторка на најголемите хитови Марина Туцаковиќ е болна од карцином на дојка, во етерот се појавија секакви информации за нејзината здравствена состојба. По тој повод, нејзината долгогодишна пријателка и соработничка Цеца Ражнатовиќ откри дека Марина не може и не сака да ги демантира неточните информации што кружат, но и дека се чувствува добро.

Секој ден контактирам со Марина. Знам дека многу и’ пречат написите во весниците. Таа самата ми вели дека чита за себе нешто што нема врска со вистината, но дека таа навистина нема намера, а ни можност сега да се занимава со демантирање на текстовите. Таа се бори и засега е добро. Марина е лавица и ја има мојата апсолутна поддршка. Концертот и новиот албум се одложени и пред да се разболи Марина, бидејќи не стасавме да го заокружиме албумот. Имам толку многу песни зад себе и немам потреба да се докажувам со нешто ново. Но кога ќе го завршам албумот, сакам лично да застанам зад него и да бидам целосно задоволна.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi