Имав трпение неколку дена… Сека Алексиќ се пофали со новата фризура

31 мај, 2018
8

Пејачката Сека Алексиќ е една од ретките пејачки која не прави драстични промени со својот имиџ, но кога станува збор за фризурата, таа обожува да експериментира.

Имено пејачката на својот Инстаграм профил се пофали со новата боја на коса со што ги изненади сите фанови.

Таа во нејзината објава напиша дека овој процес траел неколку денови и затоа не можела веднаш да се пофали на социјалните мрежи, а сега веќе го има посакуваниот резултат.

-Да се задоволи женската желба кога е во прашање косата не е ниту малку лесно. Бев нетрпелива неколку денови, додека не го добив посакуваниот ефект, вели пејачката.

Таа додава дека штом е задоволна она, задоволни ќе бидат и фановите, погледнете.