Кејт и Меган за прв пат заедно сами! И тоа на Вимблдон!

16 јули, 2018
12

Кејт Мидлтон и Меган Маркл во Лондон го гледаа женското финале на Вимблдон во кое играше Серена Вилијамс, блиска пријателка на војвотката од Сасекс.

Ова е првпат да се појават заедно јавност, а да не се придружувани од нивните мажи, принцовите Вилијам и Хари.

Меган и Кејт пристигнаа еден час пред почетокот на мечот, пишува Mirror и тие најпрво се сретнаа со некои момчиња и девојчиња што ги собираат топчињата, а потоа и со неколку поранешни шампионки на четирите Гренд слем турнири.

Стилистите, пак, го прокоментираа стилот на двете жени. Напишаа дека ни овој пат не потфрлиле со изборот на облека, Кејт со едноставниот бел фустан со ситни набори и Меган со белите панталони во комбинација со кошула.