Кендал Џенер го прослави својот 23. роденден – погледнете колку се променила!

5 ноември, 20180
Capture

Моќната инфуенсерка и една од најплатените манекенки го прослави својот роденден.

Кендал Никол Џенер е родена на 3 ноември 1995. година. Таа се прослави со појавувањето во семејното реално шоу Kardashians. Стана славна манекенка благодарение на ерата на Instagram и социјалните медиуми, бидејќи денес кај моделите се цени и нивното влијание како инфлуенсерки, што кај Кендал не можеше да претставува проблем.

По неколку комерцијални кампањи, во 2014 година почна да ги носи ревиите на високата светска мода на Модната недела во Њујорк, Милано и Париз. Од тогаш, има снимено многу едиторијали  и насловни страни за познати списанија,  таа е Victoria Secret Angel, а исто така работи како заштитно лице за кампањи на различни брендови. Листата на најплатени модели на Форбс во 2015. година направи проценка на нејзината заработка која изнесуваше  4 милиони долари. Во април 2017. година, таа беше прогласена за една од 15-те најпопуларни познати личности на Instagram. Во нашата галерија можете да видите како се менувала со текот на времето!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi